Гостиварец роден во Швајцарија сакал да прошверцува 48,8 грама хашиш на Скопскиот аеродром

Пронајдена е ќеса со хашиш кој патникот ја купил во Германија со намера да ја пушти во промет во Македонија

од Nikola Popovski
5 прегледи Фото: Царинска управа

Царински службеници на влез во државата на Меѓународен Аеродром Скопје спречија обид за криумчарење 48,8 грама хашиш, скриен во личен багаж на гостиварчанец родум од Швајцарија, кој патувал со лет Цирих – Скопје. Случајот е откриен при детална контрола и претрес на личниот багаж на патникот при што помеѓу неговите лични ствари е пронајдена вакумирана ќеса со хашиш, кој патникот ја купил во Германија со намера да ја пренесе и неовластено да ја пушти во промет во Македонија.

Веднаш се преземени истражни дејствија од страна на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, при што патникот е лишен од слобода, а против него е поднесена кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”, казниво по Кривичниот законик.

Овој случај ја нагласува будноста на Царинската управа во навремено детектирање и откривање на софистицираните методи на криумчарење.

Слични содржини