НК за КР Гостивар поднесе кривична пријава против Е.Б.(45) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „приредување на игри на среќа без лиценца“ од Законот за игрите на среќа и за забавните игри. На 08.05.2015 година, полициски службеници од ПС Гостивар во соработка со УЈП извршиле контрола во слаткарница во с. Дебреше сопственост на пријавениот, при што е утврдено дека истиот од почетокот на 2015 година приредува игри на среќа без регистрирана фирма и лиценца.
70
