Гостиварец измамен од две непознати лица

од desk2
78 прегледи

Две непознати лица вчера го измамиле Ѓ.К.(60) од Гостивар и му одзеле 13.000 денари и 50 евра. Едно од нив му се претставило како странец и му побарало пари за операција на неговата сопруга, а како гаранција дека ќе се врати му оставило часовник. Отакао не се вратиле Ѓ.К. случајот го пријавил во полиција.


Како што информира МВР, Ѓ.К. на улицата „Илинденска“ во Гостивар бил пресретнат од едно лице, но набргу потоа му се доближило уште едно лице (наводно странец) и му побарало пари за операција на неговата сопруга.

– Ѓ.К. му дал 13.000 илјади денари и 50 евра, а „странецот“ му ветил награда од 500 евра кога ќе ги подигне парите. Како гаранција дека ќе се врати му оставил часовник. Двајцата заминале и не се вратиле, а по некое време Г.Ќ. сфатил дека е измамен, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Слични содржини