Гостиварец доби казнен налог за сторено кривично дело „повреда на семејни обврски” од член 203 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.
Поради стореното кривично дело, Основното јавно обвинителство Гостивар до надлежниот Суд побара на обвинетиот му изрече казна затвор од три месеци, која нема да се изврши доколку не стори ново кривично дело во рок од една година.
Како што информира Обвинителството, обвинетиот во неутврден временски период со груба повреда на законските обврски, намерно навремено не пружил нега на неговата сопруга која е неподвижно лице.
„Обвинетиот не се грижел за одржување на личната хигиена на оштетената, не и давал лекарства и храна. Тој во неколку наврати ја скубел за косата и ја туркал по рацете и и давал несоодветни лекарства за успивање“, се додава во соопштението.