МВР поднесе кривична пријава против 61-годишен гостиварец поради сомнение за семејно насилство.
-СВР Гостивар има поднесено кривична пријава против А.Р.(61) од с.Врапчиште, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,телесна повреда при вршење на семејно насилство“.
На 26.10.2021 во семејната куќа во с.Врапчиште, пријавениот со дрвен предмет ја нападнал неговата 75-годишна сопруга, нанесувајќи ѝ повреда, информираа од полицијата.