Гоца Тржан загрижена: Не дај Боже ова да го закачам, лошо ќе биде

од Elena Daskalova
315 прегледи

Пејачката Гоца Тржан ги применува и почитува сите упатства и препораки за заштита од коронавирусот и поради себе, но и поради нејзините родители кои се постари од 65 години.

Таа открила дека нејзината мајка има три вградени стентови и дека сите и вообичаено се внимателни поради неа. Лекарите ѝ препорачале да поминува време на сонце, но без социјализација.

Гоца пак, има хроничен проблем со воспаление на белите дробови и бронхтни состојби и заразата со коронавирус за неа може да биде погубна. Се информира само од релевантни извори и ги игнорира нелогичните совети кои вирално се шират преку социјалните мрежи.

Но, од друга страна, ги применува речиси стие совети кои ги чита, дури и оној со пиењето вода, кој многупати се покажа како неточен.

„Не сум епидемиолог и би било неодговорно да давам какви било претпоставки, но се надевам дека ова ќе заврши за околу еден месец“, изјавила таа.

Слични содржини