„Гоце Делчев е бугарски револуционер и македонски војвода“, смета Борисов

од Nikola Popovski
239 прегледи

„Денес се навршуваат 118 години од трагичната смрт на големиот бугарски револуционер и македонски војвода Гоце Делчев, кој го даде својот живот за слободата и автономијата на Македонија и Одрин“, се огласи бугарскиот премиер во заминување, Бојко Борисов, по повод годишнината од смртта на најпознатиот македонски револуционер.

Според него, „Гоце Делчев е еден од најсилните симболи на нашата заедничка историја со Република Северна Македонија, заедничка историја што е во основата на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година“.

„Нека неговата жртва биде пример за тоа како, еден час подоцна. Наскоро , да го најдеме вистинскиот пат кон нашата заедничка европска иднина. Почивај во мир!“, стои во објавата на Борисов на социјалните мрежи.

И Бугарија денеска ја одбележува 118-годишнината од смртта на Гоце Делчев, а бугарската амбасада во Скопје објави дека „традиционално, нивни претставници ја одбележале годишнината од смртта на бугарскиот револуционер Гоце Делчев“, а венец на неговиот гроб во црквата „Свети Спас“ положил амбасадорот Ангел Ангелов.

Како што е објавено на сајтот на бугарската амбасада, во обраќањето Ангелов рекол дека „истакнатиот бугарски револуционер Гоце Делчев го дал животот за слободата на своите браќа. Гоце Делчев ќе остане, независно од сите перипетии на нашата тешка судбина, светол симбол на несебичната пожртвуваност, на заедничката историја и заедничката европска иднина на Бугарија и Република Северна Македонија“.

Слични содржини