186
Основачот на групата „Вагнер“, Евгениј Пригожин најави дека следната година ќе се кандидира за претседател на Украина.
Тој го објави ова во видео порака на каналот на Телеграм на „Вагнер“, пренесува РИА Новости.
„Донесов одлука да се кандидирам за претседател на Украина во 2024 година. На ова место ќе се натпреварувам со Порошенко и Зеленски. Ако победам на изборите, тогаш се ќе биде во ред. Гранати нема да бидат потребни“, рекол Пригожин.
Човекот нарекуван и „Готвачот на Путин“ е познат како лицето кое ги организирало вечерите на рускиот претседател со лидери како Џорџ Буш помладиот, а на своето резиме има и раководење со некои од најексклузивните ресторани во Русија.