Не престануваат кошмарите за Пригожин: Се гаси неговата медиумска империја „Патриот“

од Nikola Popovski

Медиумската групација „Патриот“ на лидерот на приватната воена компанија „Вагнер“ Евгениј Пригожин се гаси, изјави директорот на едно од нејзините изданија, РИА ФАН, Евгениј Зубарев.

Според договорот со кој заврши бунтот, на Пригожин му беше дозволено да замине во егзил во Белорусија, а неговите борци добија избор да му се придружат, да бидат интегрирани во руските вооружени сили или да се вратат дома, објави Ројтерс.

„Патриот медиа“, чиј најистакнат дел беше информативната страница РИА ФАН, беше изразено националистичка, заговарајќи уредувачка линија со ставовите на Кремљ, истовремено обезбедувајќи позитивно известувае за Пригожин и Вагнер“, наведува британската агенција.

„Ја објавувам нашата одлука да го затвориме и да го напуштиме информативниот простор на земјата“, рекол директорот на РИА ФАН, Евгениј Зубарев во видеотообјавен доцна синоќа на социјалните мрежи на медиумската групација.

Зубарев не ги навел причините за одлуката.

Слични содржини