Русија изврши комбиниран напад со дронови и ракети, две лица се повредени во Харков

од Илинка Илиоска

Руските сили извршија комбиниран напад врз Украина користејќи беспилотни летала од типот Шахед-131/136 и противвоздушни наведувани ракети С-300/С-400, изјави командантот на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина, Микола Олешчук.

Тој изјави дека руските сили од Крим лансирале 10 беспилотни летала и истрелале две ракети од регионот Белгород, пренесува Униан.

Според Олешчук, над регионите Херсон, Николаев и Одеса биле уништени 10 дронови.

Шефот на Харковската област Олех Синехубов изјави дека во синоќешниот руски напад врз Харков се повредени две лица и дека се оштетени 12 приватни станбени згради.

Слични содржини