Закинтос го затвора својот бисер: Плажата Навагио недостапна за туристи до крајот на октомври

од Илинка Илиоска

За да се обезбеди безбедноста на посетителите во текот на туристичката сезона, властите одлучија да ја затворат познатата плажа Навагио на островот Закинтос и оваа година.

Врз основа на министерска одлука, се забранува пристап до плажата, како од копно, така и од море, со законски предвидени казни за оние кои ќе го прекршат ова правило.

Плажата ќе остане недостапна за јавноста сè до 31 октомври 2024 година. Претходната година, Навагио исто така беше затворена поради зголемен ризик од одрони на земјиштето, предизвикани од ерозија.

 

Слични содржини