Готвачот на семејството: Меган сакаше само да биде позната, се се врти околу неа

356 прегледи

Меган Маркл и принцот Хари се главна тена кај медиумите поради одлуката за кралските должности. Сега се појавуваат дури и поранешни вработени и поранешни готвачи на кралицата кои имаат коментар за постапката на парот, пишува Mirror.

Дарен МекГрејди, некогаш и бил готвач во палатата за покојната принцеза Дијана, кралицата Елизабета, принцот Вилијам и принцот Хари.

– Меган само сакаше да биде позната. Меган е позната! Се се врти околу неа – рекол Дарен.

Дарен вели дека Леди Ди би била бесна на Хари бидејќи потклекнал пред манипулацијата на Меган и го напуштил семејството и должностите.

– Сите кои велат дека Дијана би била горда на синот, не ја познаваат. Би била многу лута – рекол готвачот.

Дарен тврди дека принцезата Дијана многу ја почитувала кралицата Елизабета, дури и кога ситуацијата не била сјајна.

– Би била многу лута – повторил Дарен неколку пат.

Поранешниот готвач не е единсвениот кој ја коментирал ситуацијата. Остар бил и британскиот водител Пирс Морган.

– Луѓето велат дека сум многу критички настроен кон Меган, но го напушти своето семејство, го отфрли својот татко, ги отфрли повеќето стари пријатели, ги одвои Хари и Вилијам и сега го одвои и од кралското семејство. Се кажав. Каков срамотен начин на третирање на кралицата – напишал Пирс.

Слични содржини