109
Граѓаните на Европската унија сè уште во голема мера ги одобруваат мерките преземени како одговор на руската инвазија на Украина, покажуваат резултатите од Евробарометарот спроведен во периодот јануари-февруари 2023 година и објавени денес.
Според податоците, 91 отсто од граѓаните поддржуваат хуманитарни акции, 88 отсто поддржуваат луѓе кои бегаат од војната во ЕУ, 77 отсто поддржуваат финансиска поддршка за Украина, а 74 отсто поддржуваат економски санкции против Русија.
Како што е наведено, 65 отсто од испитаниците се за финансирање на набавка и испорака на воена опрема за Украина, а 77 отсто се за заедничка одбранбена и безбедносна политика.