Грабар Китаровиќ кандидат за генерален секретар на НАТО?

од Берта Китинска

Поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар Китаровиќ, поранешната британска премиерка Тереза ​​Меј и поранешната литванска претседателка Далија Грибаускаита, се споменуваат како можни кандидати за генерален секретар на НАТО, дознава српска „Нова“.

Робин Шеферд, вториот човек на Меѓународниот форум Халифакс, една од најценетите светски организации за безбедност, ја најави Колинда Грабар-Китаровиќ на почетокот на панелот за демократија во Братислава на овој начин: „Во Вашингтон се зборува дека сте најверојатен кандидат за иден Генерален секретар на НАТО“.

Грабар-Китаровиќ сепак не сакаше да зборува на оваа тема.

Таа беше помошник на генералниот секретар на НАТО од 2011 до 2014 година.

Јенс Столтенберг, сегашен генерален секретар, има мандат до есента 2022 година.

Слични содржини