„Грабеж на векот за 30 милиони евра“: Алкантара потпиша за „Црвените“ (видео)

од Nikola Popovski

Трансферот на Тиаго Алкантара во Ливерпул денес и официјално беше потврден од клубот од „Енфилд“.

„Ливерпул го комплетираше трансферот на Тиаго Алкантара од Баерн Минхен. Шпанскиот фудбалер од средниот ред стави потпис на долгорочен договор со црвените“ се вели во соопштението на клубот.

Овој трансфер ќе го чини Ливерпул 30 милиони евра од кои 25 ќе бидат платени веднаш, а 5 во лесно остварливи бонуси.

„Долго време чекав, пресреќен сум што дојде и тој ден, што денеска сум со вас. Во кариерата секогаш се борам за истото, да победувам и да освојувам трофеи, дојдов во Ливерпул за да освојувам трофеи“, изјавил Тиаго.

Алкантара е второ засилување за Ливерпул во овој преоден рок, претходно беше донесен Костас Цимикас, а следна цел на Клоп е Диого Жота од Вулвс.

Делот од коментарите на социјалните мрежи одат до таму, што сметаат малата сума на пари дадена за Алкантара е „грабеж на векот“.

Liverpool FC complete signing of Thiago Alcantara

🤗 The moment you’ve all been waiting for…

Публикувахте от Liverpool FC в Петък, 18 септември 2020 г.

Слични содржини