Вчера, К.Т.(57) во полициската станица во Новаци пријавил дека во периодот од 23 до 30 јануари во село Добровни непознат сторител со употреба на физичка сила и подесен алат го отворил прозорецот и влегол во неговата куќа при што одзел кожен реденик со 30 куршуми калибар 12мм марка „Магнум“, 40 куршуми калибар 12мм марка „Ремингтон“, „Белом“ и „Крушик“, гумени чизми, два литри бензин, и два литри моторно масло.

Крадецот потоа избегал, а од кражбата се здобил со противправна имотна корист од околу 11.000 денари.
Увид извршила увидна екипа на СВР-Битола и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ова е само еден во низата случаи каде се крадеше оружје, пиштоли, пушки и муниција, на целата територија на Македонија, во последните два месеци