429
Градинката „Димче Мирчев“ во Велес викендов останал без резервите на прехранбени производи поради кражба во главната кујна.
Украдената стока според пресметките на градинката чини околу 50.000 денари, а дополнително ќе се пресметува и штетата од обивањето.
Се очекува СВР Велес по извршениот увид да излезе со конкретни информации кога точно се случил грабежот и што точно е украдено затоа што градинката не работи за викенд.
Советникот во Општина Велес од редовите на Левица, Игор Смилев, во фејсбук-статус напиша дека од велешката градинката се украдени сите резерви на брашно масло за јадење, шеќер и сол.