За време на велигденските празници се случила тешка кражба во домот на пратеникот на СДСМ и поранешен вицепремиер, Фатмир Битиќи. Според информациите на дел од албанските медиуми, украдел бил метален сеф во кој наводно имало златни предмети и рачни часовници кои имале голема парична вредност. Се споменува сума од околу 50.000 евра.
-На 21.04.2025 во 11.40 часот во СВР Скопје, Ф.Б.(49) од Скопје пријавил дека во периодот од 07.30 часот на 18.04.2025 до 03.00 часот на 21.04.2025, со употреба на сила и погоден алат било влезено во неговиот дом на подрачјето на Бутел во Скопје и биле одземени пари и други предмет, стои во полицискиот билтен.
Битиќи во изјава за медиумите го потврдил немилиот настан, но, не сакал да открие повеќе детали.
Пратеникот денеска се појави на работа во Собранието и присуствуваше на редовната седница.