Град Скопје: Работиме на решавање на предизвиците кои произлегуваат од непланскиот почеток на работата на булеварот „Борис Трајковски“

од Vladimir Zorba
212 прегледи

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска денеска изврши увид на градежните работи на булеварот „Борис Трајковски“, на потегот од крстосницата кај населба Пинтија до мост на Маркова Река со должина од 2325 метри.

Како што соопшти Градот Скопје, во рамки на реконструкцијата на булеварот се гради нова атмосферска канализација во должина од 2270 метри, пешачки патеки од двете страни на коловозот, велосипедска патека, ново осветлување по долж на целата траса, како и нов кружен тек пред мостот со дијаметар од 20 метри.

– Работиме активно на решавање на сите предизвици кои произлегуваат од непланскиот почеток на работата на овој булевар. До сега оваа администрација на Градот Скопје реши предмети за експропријација во вкупна површина од 37.047 квадратни метри, а во тек е експропријацијата на останатите 10.988, се наведува во соопштението.

Слични содржини