Град Скопје контра МВР: Камионот немал дозвола за влез, возачот изведен пред суд

од Nikola Popovski
243 прегледи

Град Скопје претпладнево ја демантираше полицијата дека му била издадена дозвола за влез на камионот што пропадна во подната фонтата на плоштадот „Македонија“.

-Возило на приватната компанија нема дозвола за движење на плоштадот, иако има поднесено такво барање. Возачот, странец, државјанин на Турција е приведен и изведен пред суд. За овој настан МВР ќе поднесе и соодветен поднесок. Градот Скопје по извршениот инспекциски увид издадоа санкција која правното лице ќе треба да ја плати во рок од 10 дена, во спортивно ќе следи прекршочна и кривична пријава, велат од Градот Скопје.

Камионот утрово пред 7 часот пропадна во фонтаната, што е четврт ваков случај откако е пуштена.

– Денеска (23.11.2022) во 06.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на Плоштадот „Македонија“, товарно возило „фиат“ со турски национални ознаки, сопственост на правно лице од Република Турција, управувано од К.Т. (31) од Република Турција, со двете предни гуми влего во фонтаната на плоштадот. Полициски службениви излегле на емстото и било утврдено дека правното лице имало дозвола за влез на плоштадот, издадена од Град Скопје, за снимање на емисија пред Камениот мост. Увид ќе врши екипа од СВР Скопје, информира претходно од МВР.

Фонтаната е изградена во време додека со градот раководеше Коце Трајановски.

Слични содржини