Град Скопје демантира дека 6-те автобуси донација не се пуштени во оптек поради Арсовска, се закануваат со тужби за „Локално“

од Vladimir Zorba
136 прегледи

Тврдењата во текстот дека „6-те автобуси донација не се пуштени во функција, затоа што градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска не сакала да има претставници од Владата во гаражите на ЈСП Скопје на промоцијата на автобусите“ се манипулативни, тенденциозни и категорично ги отфрламе како неточни и невистинити, реагираат од Град Скопје на текст на „Локално“ за случувањата во Град Скопје.

-Пред да биде објавен текстот, според адвокатот Трајче Арсов кој се заканува со тужби, на втората страна не и е дадено разумно време за одговор да се произнесе и да ја демантира содржината, што е спротивно на Етичкиот кодекс на новинарите.

Според него, ова е „клевета со обвинувања на сметка на Градоначалникот на Град Скопје пред пошироката јавноста кои имаат цел да нанесат штета на честа и угледот на Градоначалникот Данела Арсовска и Градот Скопје“ и побара извинување од порталот „Локално“.

За потсетување, „Локално“ испрати барање за реакција до Градот за информациите, за кои не добивме одговор. Тоа дека не е дадено време за реакција е проблем на прес-службата на Градот, не на редакцијата на „Локално“ која си ги исполни своите обврски согласно Кодексот на новинарите, на кои се повикува Арсов.

Инаку, претходно на многу теми, редакцијата барала реакции на информации (или шпекулации) но сме биле игнорирани.

Слични содржини