Град Скопје демантира дека Противпожарна останала без гориво

од Vladimir Zorba
413 прегледи

По информациите кои излегоа во медуми дека камионите на Противпожарната бригада имаат гориво за само уште една недела, од Градот Скопје во изјава за „Локално“, велат дека гориво има и дека на тендер е избрана фирма која ќе врши нова набавка.

-Имаме активен договор до 05.06. 2022 година. На тендер е избрана фирма за нова набавка, нивниот договор ќе почне да важи откако ќе биде потпишан, велат од Град Скопје.

За владејачката партија ваквата неодговорност на градоначланичкат на Град Скопје Данела Арсовска е загрижувачка, бидејќи е оставен без ресурси еден од најважните сервиси на Градот.

-Ваквата неодговорност е загрижувачка, затоа што се работи за основен ресурс на еден од најважните сервиси на Градот.Во ваква ситуација може да дојде до попречување на редовното функционирање на противпожарната бригада со што во опасност може да се доведе општата безбедност и здравјето на граѓаните.Поради неспособноста на Арсовска, претходно Град Скопје остана без принтери, а неколку денови граѓани на цели општини останаа без јавен превоз затоа што Град Скопје не им плаќаше на приватните автобуски превозници, велат од СДСМ.

Б.М.

Слични содржини