Град Скопје: ДИЖС шири лажни информации и клевети за истекувањето на солна киселина во околина на фабриката МЗТ

од Aleksandar Todeski
360 прегледи

Град Скопје преку соопштение ги отфрли наводите од денешната информација на  Државниот инспекторат за животна средина и обвини дека се ширеле лажни информации и клевети во врска со истекувањето на солна киселина во околината на фабриката МЗТ.

„На 01.12.2019 година (недела) по пријава од советник во Општина Гази Баба за непријатен мирис со надразнувачко дејство во околината на фабрика МЗТ, дежурните екипи на Инспекторатот на Град Скопје веднаш реагираа и го пронајдоа сторителот. Се работи за правен субјект што работи со прекурсори, а на лице место е констатирано дека се работи за истекување на солна киселина од цистерна, проследено со непријатна миризба и пареа и веднаш се преземени итни мерки за спречување на понатамошно истекување“, наведуваат од Град Скопје во соопштението.

Од таму тврдат дека при вонредниот инспекциски надзор, од страна на овластениот инспектор за животна средина е побарано од правниот субјект да достави елаборат за заштита на животната средина, но било констатирано дека правниот субјект не поседува елаборат за што е направен записник за понатамошно постапување. Град Скопје приложи и записник кој е потпишан од сопственикот на компанијата.

„Град Скопје во целост ги отфрла наводите на ДИЖС за ширење лажни информации и клевети и сакаме да нагласиме дека станува збор за професионално и навремено извршување на работните задачи на Инспекторат на Град Скопје со цел спречување на поголема еколошка хаварија што би можела да биде предизвикана во овој случај. Согласно со законските прописи, надлежноста за постапување кај овој тип производствени капацитети е под Министерството за животна средина и просторно планирање. Од тие причини, Град Скопје го повикува ДИЖС да си ја врши работата согласно со надлежностите во интерес на заштитата на животната средина и за зачувување на здравјето на граѓаните“, наведуваат од Град Скопје.

Инспекторатот на Град Скопје, велат од таму, е отворен за соработка со сите надлежни институции, кога е во прашање заштитата на животната средина,

Слични содржини