Секторот за локален економски развој на Град Скопје во соработка со агенцијата SWOT Research ги избраа најдобрите угостителски објекти за годинава.
Преку тајни купувачи, за најдобри ресторани избрани се „Скопски мерак“, Bushi restaurant & terrace bar и Мkc club & restaurant. Најдобри гостилници се „Градска кафеана“, „Дебар маало“ и „Кафана“, а за најдобри кафулиња „Speakeasy“, „ДОБАР“ и „DEUS“. Во редот на најдобри lounge и мезе барови се најдоа „DISTRIKT BAR & KITCHEN“, „BrooklYnski JAZZ Bistro“ и „Barbakan Bistro Bar“.
Плакетите им ги врачи раководителот на Секторот за локален економски развој Марко Тодоров.
– Се надевам дека извештаите од истражувањето од минатата година Ви беа од корист за да ги воочите недостатоците и да се коригирате во одредени сегменти, рече Тодоров, според кого Скопје има со што да се пофали кога станува збор за угостителски објекти бидејќи се следат светските трендови.