Град Скопје: Избрани трите нови летни сцени во Градскиот парк (фото)

од Nikola Popovski

Град Скопје во месец мај објави оглас за конкурс за избор на три партерни идејни решенија за „Летна отворена сцена“ на три локации во зелениот појас на Градскиот парк во Скопје.

Како што информираат градските власти, по разгледување на пристигнатите трудови, Комисијата за оценување за најсоодветни решенија ги избрала трудовите со работна шифра „ОМММ“, „Коноид“ и „Конус“.

Локација број 1: Површина во Градски Парк Скопје , која се наоѓа во првиот дел на паркот, односно во непосредна близина на езерцето, – труд со работна шифра “ОМММ“. Овој труд овозможува долготрајност со минимални трошоци за одржување и минимален физички импакт во езерото со околината, наведува прес-службата на Град Скопје.

Локација број 2: Површина во Градски парк Скопје, која се наоѓа спроти Сточарски институт, – труд со работна шифра „Коноид“. Според Град Скопје, ова идејно решение за сцената, гледалиштето, па и во однос на хортикултурното уредување, илуминацијата на просторот и материјалите кои се предвидени за ова архитектонско решение овозможува долготрајност и минимални трошоци за одржување.

Локација број 3: Површина во Градски парк Скопје, која се наоѓа во вториот дел на Паркот, односно во непосредна близина на езерцето, спроти Кајак Кану клубот „Илинден 90, – труд со работна шифра „Конус“.

Од прес-службата се наведува дека овој труд во поглед на архитектонскотото решение за гледалиштето, сцената во вид на пресечен конус и употребата на материјалите за изработка, исто така, овозможува долготрајност и минимални трошоци за одржување. Предложениот дизајн на сцената претставува една рамка во која како кулиса се појавува еден пресечен конус. Аудиториумот е вкопан со цел да се задоволат стандардите за непречено следење на сценската изведба. Гледалиштето обезбедува сместување на 403 гледачи на седење.

ОВА СЕ ИЗБРАНИТЕ ТРИ НОВИ ЛЕТНИ СЦЕНИ ВО ГРАДСКИ ПАРКГрад Скопје во месец мај објави оглас за конкурс за избор на три…

Публикувахте от Град Скопје в Сряда, 8 юли 2020 г.

Слични содржини