Град Скопје ја дополни програмата: И Бени Шаќири ќе пее на плоштад за вечерашниот дочек

од Nikola Popovski
492 прегледи

Иако Град Скопје пред два дена ја објави новогодишната програма за дочекот на скопскиот плоштад, денеска информираа дека таа е надополнета. Според објавата од Градот, меѓу изведувачите ќе се најде и Бени Шаќири заедно со групата „Нон стоп“.

Според предвиденото, Шаќири ќе настапи со групата од 22:30 до 23:30 часот.

Пред Шаќири, ќе настапат групите „Пука Козметика“ и „ДНК“, а за подоцна се закажани настапите на „Нокаут“ и фолк пејачите Наум Петрески и Зуица Лазова.

Од Градот информираа дека три одговорни компании, се одважиле „во време на економска и енергетска криза, да придонесат за организацијата за свечениот дочек на Новата Година“.

Шаќири беше кандидат за градоначалник на Скопје на локалните избор на ДОМ и ЛДП.

Слични содржини