Град Скопје ќе се сели во нови простории

од Nikola Popovski
216 прегледи

Распишан е тендер за градска куќа од страна на Град Скопје.

Според условите наведени во огласот, новиот објект во кој ќе бидат сместени градоначалникот на Град Скопје и градската администрација, мора да биде во строгиот центар на градот односно во Мал ринг. Да има површина од 4.000 до 9.000 метри квадратни, паркинг простор за 20 до 70 возила, обезбедена инфраструктура и имотен лист или лист за предбележување.

-Вредноста на објектот не треба да биде поголема од 11 милиони евра со вклучен ДДВ. Рокот за поднесување понуди е 13 октомври, пишува во огласот, објавен во неколку дневни весници минатата недела.