Град Скопје кочи капитални проекти како катната гаража во Капиштец, велат од општина Центар

од Nikola Popovski
57 прегледи

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски на денешниот брифинг со медиуми информираше дека Градот Скопје кочи капитални проекти на Општина Центар.

„Од страна на градот капитални проекти ни се кочат, за коишто се направени проекти, ставени се во програмата, одвоени се буџетски средства, а добиваме негативни мислења од страна на градот. Конкретно, можам да посочам еден од тие проекти е монтажната гаража во Капиштец, проект кој досега требаше да се реализира, но, за жал по трет пат добивам негативен коментар од Градот и не можеме да го релизираме. Причината е отпочнување на реализација на бул. Македонија оној познат булевар кој се збори децении наназад, кој почнува од Лимак па оди сѐ до Карпош. Тука станува збор за булевар кој треба да има една голема експропријација, каде има голем број на ресторани, кафеани, но и на паркинзи”, рече Герасимовски.

Герасимовски изјави дека планот предвидувал и поставување на фотоволтаици за заштеда на електрична енергија, но на сите барања добиле негативен одговор.

Слични содржини