8
Викендов, на подрачјето на град Скопје ќе се изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци. Акцијата ќе се спроведува во раните утрински часови, а доколку временските услови не бидат поволни, дезинсекцијата ќе се одложи за првиот нареден ден со подобро време.
Од Град Скопје апелираат до пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.