Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, беше градоначалник на Скопје пред грејната сезона, како и за време на почнувањето на грејната сезона на 15 октомври.Градоначалникот на СДСМ Шилегов да имал ингеренции во својот мандат, веројатно, Градот ќе преземал нешто. Не само што не преземал ништо, туку нема ниту определено средства во Буџетот на Градот Скопје за оваа намена, ниту за какви било мерки за решавање на состојбите со кризата, реагираат од Град Скопје по нападите на СДСМ.
-Затоа очигледна е политичката позадина на нападите на СДСМ, кој се обидува одговорноста која како власт треба да ја понесат за не справувањето со енергетската криза, а со која се соочени граѓаните во сите општини во Македонија, а не само во Скопје. СДСМ не презема ништо за носење мерки за заштита на граѓаните од ценовни шокови, иако знаеше дека државата ќе биде соочена со енергетска криза.Наместо да се обидува СДСМ да ја дефокусира јавноста, треба да покажат дека се власт на централно ниво, а не опозиција и како сите други влади во Европа, иако задоцнето, да донесат мерки и да им излезат во пресрет на граѓаните.Сите влади од Европа уште од септември 2021 година донесоа мерки за заштита на граѓаните од ценовниот шок предизвикан од енергетската криза, реагираат од Градот.