Како дел од активностите на кандидатурата на Град Скопје за „Европска престолнина на културата за 2028 година“, назначени се две локации за легални ѕидови за слободно користење од уличните уметници за пишување и цртање графити, сликање мурали, тагови и слично.
Градот Скопје одбра да учествува во овој проект поради тоа што тој нуди шанса, низ долгогодишна подготовка на кандидатурата, да развие богата и актуелна културна понуда, да отвори процеси на себеиспитување и да ги зајакне капацитетите за управување со сложени, амбициозни културни проекти. Во овој процес, градот ќе добие можност да ја истакне својата разновидност, мултикултуралност, транскултуралност, повеќејазичност и европски идентитет. Скопје ќе има прилика да да ги обедини луѓето и нивните различни интереси, да иницира дијалог и создаде нова позитивна енергија. Проектот ќе се фокусира на создавање на нов меѓународен имиџ, кој ќе привлече повеќе уметници, творци, културни експерти, но и туристи кои ќе ја подобрат локалната економија. ЕПК ќе го афирмира културниот статус на градот во поширокиот европски простор, но побитно од тоа – ќе им дозволи на граѓаните преку културата самите да дејствуваат врз колективен соживот.
Започнувајќи од 2021 година , Панелот на експерти составен од избраи претставници на Европската Комисија, Европскиот Парламент, Советот на Европа и Комитетот на регионите ги оценува градовите кандидати кои аплицирале за ЕПК и ги избира носигтелите на титулита. Досега се избрани повеќе од 40 градови(ЕПК за 2020 – та се Ријека, Хрватска и Головеј, Ирска) . Започнуваји од 2021 година, градови од земјите кандидати и потенцијални кандидати за членки на ЕУ, имаат можност да бидат носители на титулата ЕПК еднаш на три години. Одлуките за 2021 (Нови Сад) и за 2024 (Бодо, Норвешка) се веќе донесени. Следна година на ЕПК за земји кои не се членки на ЕУ ќе биде во 20208 година.