Град Скопје одвои шест милиони денари за семејствата на настраданите во несреќата во Кочани

од Nikola Popovski
33 прегледи

Град Скопје денеска на вонредна седница одлучи да додели шест милиони денари за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани. Единствената точка на дневниот ред беше изгласана со 40 гласа „за“, без ниеден глас „против“ или „воздржан“.

Ова е првична помош, а Град Скопје најавува дека ќе додели и дополнителна помош.

Покрај градската администрација, во координација со советниците, в.д. градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска поднесе барање за одржување вонредна седница на Советот на Општина Аеродром на која ќе има само една точка – доделување 1.000.000 денари финансиска помош на семејствата на настраданите.

Најави за донација пристигнуваат и од соседна Србија. Градоначалникот на Нови Сад, Жарко Мичин, пред денешната седница на градскиот парламент изјави дека, доколку советниците го усвојат буџетот, ќе бидат издвоени 10 милиони динари за поддршка на семејствата на жртвите од трагичниот пожар во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани.

 

Слични содржини