Град Скопје поставува столпчиња пред Министерството за правда по реакцијата на граѓаните

од desk2
71 прегледи

По барање на граѓаните Град Скопје денеска започна да поставува столпчиња пред Министерство за правда. Идната недела ќе биде ограден и остатокот од тротоарот на овој потег во центарот на Скопје.

Ваквата активнот на Градот доаѓа кога на социјалните мрежи почнаа да се објавуваат фотографии на кои се гледа дека службеното возило на министерот за правда, Билен Салији, е паркирано на самиот тротоар. Станува збор за фан-страницата на Фејсбук, „Пријави загадувач“.


Граѓаните му пишаа на министерот дека не само неговиот туку на тротоарот секојдневно се паркираат и возила на други вработени во Министерството.