Град Скопје: Се документираат корупциски скандали и злоупотреби на претходното раководство на Шилегов

од Vladimir Zorba
317 прегледи

„СДСМ ги злоупотребуваа парите на скопјани четири години. СДСМ во изминатите години без план, без проекти, брз реализација го презадолжија градот и јавните претпријатија ги оставија како загубари. СДСМ не можат да се помират со фактот дека граѓаните го казнија нивното недомаќинско, расипничко владеење и повеќе нема да можат да трошат народни пари за луксузирање по кафани“, реагираат од администрацијата на Данела Арсовска.

„32 илјади евра наменети од Шилегов и СДСМ за јадење и пиење по кафани, Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска ги пренамени за бесплатни оброци за граѓани од социјално загрозени категории.

Во изминатите месеци се документираат корупциски скандали и злоупотреби на претходното раководство на Град Скопје предводено од Шилегов и директорите кои тој ги поставил, за кои СДСМ се обидува да им го покрие срамот со напади, навреди и манипулации“, додаваат оттаму.

Слични содржини