Град Скопје се подготвува за претстојната зимска сезона

од Vladimir Zorba
93 прегледи

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов,   одржа средба со претставниците на градскиот штаб за зимско одржување на сообраќајниците во Скопје.

На средбата присуствуваа членовите на штабот од градската администрација, скопските општини, градските јавни претпријатија, сообраќајната полиција и од други субјекти вклучени во организацијата и одржувањето на улиците.

Средбата беше прва координација на која заеднички се разгледаа тековните состојби и неопходните чекори коишто ќе треба да се преземат во техничка, материјална и во персонална смисла, а со цел што поподготвено да се стартува на почетокот на сезоната од 15 ноември годинава.

За таа цел беше побарано да се решат сите приоритетни проблеми, а координациите ќе продолжат и во наредниот период којшто претстои до почетокот на сезоната, со што би се постигнал повисок степен на подготвеност.

За да се постигне поголем ефект во одржувањето на улиците и на јавните површини во зимски услови, градоначалникот Шилегов за зимското одржување ќе разговара и со градоначалниците на скопските општини, во делот на нивната надлежност на првата координација.