Град Скопје: Се ревидира зошто Перински вработил речиси 100 лица во „Водовод“

од Берта Китинска
219 прегледи

По најава пред еден месец за вонредна ревизија на вработувањата кои ги склучил екс-директорот на ЈП Водовод и канализација Скопје, Златко Перински покажа дека речиси 100 лица се нововработени за неколку месеци, велат од Град Скопје, во врска со информацијата дека сто вработени во ЈП Водовод и канализација ќе добијат отказ откако Градот реши да не им ги продолжи договорите за работа кои им истекуваат утре.

„Градот Скопје нема да толерира расипничко однесување кое претставува дополнителен товар врз буџетот во услови на економска и енергетска криза. Од тие причини се ревидира оправданоста на новите вработувања во ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Партизацијата и корупцијата е рак на македонското општество, но и на државните институции кои повеќе од 30 години се деградирани од однесувањето на одредени поединци.

Нема да дозволиме средствата на граѓаните да се трошат за вдомување на партиски кадри и нема да се дозволи корупција, непотизам и остварување на лични и теснопартиски интереси, нема да дозволиме да се прави нешто што е на штета на скопјани“, велат од Градот.

Слични содржини