Град Скопје: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ повторно не гласаа за набавка на нови автобуси

од Nikola Popovski
27 прегледи

Од Град Скопје велат дека денешната седница на Советот е само уште една потврда дека владечката партијата ВМРО-ДПМНЕ и нивните советници немаат намера да го средат хаосот во јавниот сообраќај. Ова следува откако по 26-ти пат не беше изгласан предлогот за набавка на нови еко-автобуси.

-Повторно го блокираа проектот за БРТ со кој Скопје би добил 60 нови автобуси во рамки на брзиот автобуски превоз. И како тоа да не е доволно, Советниците на ВМРО-ДПМНЕ одбија да ја стават на дневен ред точката по барање на приватните превозници, со која тие бараат зголемување на надоместот за јавен превоз, сѐ со цел за да се продлабочи кризата и зголеми хаосот, порачаа од Кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска.

ЈСП Скопје вчера доби шест еколошки автобуси од Европската унија. Станува збор за едноподни автобуси на компримиран природен гас, со двегодишна гаранција која вклучува сервисирање и резервни делови. Во сообраќај ќе се вклучат на најфреквентните градски линии за околу една недела.

Додека ги чекаме новите да се вклучат во сообраќај, старите ја трошат нафтата од државните резерви. Градоначалничката Арсовска вели дека постапката за јавната набавка на гориво е во тек, но, ако нема пријавени, повторно ќе се интервенира од резервите.

За потсетување набавка на нови еко-автобуси и бесплатен превоз за сите беше предизборно верување на Коалицијата за Модерно Скопје предводена од ВМРО-ДПМНЕ и нивниот кандидат за градоначалник Арсовска и истата не се реализира единствено поради нивната меѓусебна војна на суети.

Хаосот со јавниот градски превоз со месеци го мачи Скопје и повод за кавги меѓу Арсовска и советниците. Градоначалничката потврди дека не планира да бара нов мандат.

Слични содржини