250
Градот Скопје денеска чистеше дива депонија во Карпош на улицата Марк Твен.
Според Градот, веќе исчистиле повеќе од 120 диви депонии во првите 30 дена од мандатот на градоначалничката Данела Арсовска.
„Со чистењето на дивите депонии на подрачјето на Скопје каде вообичаено се согорува отпад, значително ќе се придонесе за намалување на аерозагадувањето, како и ќе се елиминира потенцијална опасност од загадување на подземните води и почвата во градот“, велат од Градот.