Актуелно
Почетна / Локално / Град Скопје: Уништен видиковец на врвот на Водно

Град Скопје: Уништен видиковец на врвот на Водно

Од град Скопје информираат за уништен видиковец на врвот на Водно.

Како што соопштија градските власти, непознати сторители деновиве на јужната страна на врвот на Водно уништиле видиковец. При вандалскиот чин урната е дрвената конструкција, а потоа истата е скршена и запалена.

Град Скопје апелира до граѓаните да ја чуваат и одговорно да се однесуваат со поставената урбана опрема во парк-шумата Водно и на сите други јавни површини во градот.

УНИШТЕН ВИДИКОВЕЦ НА ВРВОТ НА ВОДНОНепознати сторители деновиве уништиле еден видиковец на јужната страна на врвот на…

Публикувахте от Град Скопје в Петък, 17 януари 2020 г.

loading...