Град Скопје в понеделник ќе прска против комарци

од Берта Китинска
269 прегледи

Градот Скопје ги известува граѓаните дека првата фаза од авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се изврши на 04.05.2020 година (понеделник), во раните утрински часови.

„Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите“, информираат од Град Скопје.

Слични содржини