„ВМРО продолжува со лажни обвинувања во отсуство на вистински скандали што го красеа управувањето на градот до 2017-та. Невозможно е да исчезнат десетици милиони евра од сметките на градот, велат во изјава за „Локално“ од Град Скопје по обвинувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, дека скопскиот градоначалник Петре Шилегов во ноември 2019 година ја продал градската куќа за 12,7 милиони евра „частејќи“ го новиот сопственик со гратис земјиште и ослободени комуналии.
„Секој денар од градската администрација е потрошен според буџетот на градот, плановите за јавни набавки на градот и јавните претпријатија. Сите набавки се евидентирани и објавени од бирото за јавни набавки, а ревизорските извештаи постојано даваат добри оценки за работата на администрацијата и јавните претпријатија. Наводите на ВМРО-ДПМНЕ се просто неиздржани и лажни“, реагираат од Град Скопје.
Б.М.