Град Скопје најави нов парк во Општина Чаир

од Vladimir Zorba
251 прегледи

Во рамки на програмата „За Модерно Скопје“, Град Скопје најави дека во соработка со Општина Чаир ќе биде изграден нов мега-парк кој ќе се протега на просторот на улица „Македонско Косовска Бригада“ од крстосницата со улица „Втора Македонска Бригада“ до крстосницата со улица „Џон Кенеди“.

– Мега-паркот ќе се простира на површина од 30.000 метри квадратни, а ќе има 500 нови дрвја и садници, нова хидрантска мрежа и тревник. Воедно во паркот се предвидени 2 нови спортски игралишта, нови 2 детски игралишта, 2 паркови површини за миленици, еден фитнес дел, 26 нови летниковци, нови урбана опрема, пешачки патеки и фонтани, информираат од Град Скопје.

Оттаму велат дека програмата „За Модерно Скопје“ ќе биде реализирана во целост за да можат да добијат граѓаните на главниот град нови зелени паркови и површини.

Слични содржини