„Ја поздравуваме одлуката на советниците во Советот на општина Бутел да го послушаат апелот на град Скопје и да ги избришат 7 маркици со кои се предвидуваше изградба на згради, а кој ДУП го гласал токму Дарко Костовски како советник во Советот на општина Бутел во 2015. година. Истите беа во директна спротивност на начелото за хумано живеење, како и со вториот план со кој се предвидуваа 26 метри високи згради, соопштија од Град Скопје.
„Овие планови, кои денес укинаа со одлука на Советот на општина Бутел, апелираме да бидат пренаменети во простор за зеленило, паркови и игралишта.
Сепак, ова не ја менува суштината на проблемот во врска со бул.Боца Иванова. Трасата на овој булевар е утврдена со ГУП кој е повисок акт на ДУП и истиот не може да се промени со иницијатива на општина Бутел“, порачаа од Градот.