Градежници пресекле кабел за струја и од искрите настанал пожар

од Milan1
63 прегледи

Вчера во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во с.Раштак, скопско.

– Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека неколку лица градежни работници, кои биле ангажирани преку градежна фирма да работат на еден плац, исекле кабел за електрична енергија и од искрите настанал пожар при што биле опожарени сува трева, нискостеблеста шума и една бандера на ЕВН, која паднала и предизвикала пожар во дворовите од викенд куќите на Б.П.(69) и И.А.(56), двајцата од Скопје. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема, информираат од МВР.

Увид бил извршен.

Слични содржини