Градначалникот на Неготино позитивен на Ковид 19

од Берта Китинска
143 прегледи

Тони Делков градоначалникот на Неготино е позитивен на Ковид-19. Оваа информација попладнево ја објави и тој на социјалните мрежи, а информираа и од прес-службата на општината.

-И покрај почитувањето на мерките за заштита од коронавирусот чувствувам обврска да Ве информирам дека по извршениот тест за КОВИД 19 резултатот е позитивен.

Изразувам длабоко извинување до сите со кои изминатиот период имав контакт и уште еднаш апелирам почитувајте ги мерките и препораките за заштита од коронавирусот.

Гарантирајки ја здравствената сигурност на граѓаните до завршување на периодот на лекување и изолација работните обврски ќе ги извршувам од дома, напиша Делков на Фејсбук.