Според Арсовска, и покрај тоа што постојат пријави за објекти кои се градат без проект и без соодветна документација, од сите институции само ЈП „Водовод и канализација“ и ЕВН реагирале со исклучување на дивите приклучоци. Таа укажа дека општина Чаир, иако е свесна дека нема издадено дозвола за градба, не презема ништо и „се крие, дозволувајќи продолжување на бесправната градба“.
Градоначалничката го повика и Министерството за транспорт и врски да реагира преку Државниот градежен инспекторат, како што, според неа, тоа се прави во други градови како Делчево и Македонска Каменица.
„Ќе му јави некој на министерот за транспорт Ацо Дубаи Николовски дека неговиот Државен градежен инспекторат има и тука надлежности исто како во ДЕЛЧЕВО и МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА или пак ќе се прави дека не е информиран!“
Арсовска најави дека од понеделник ќе изнесе уште 20 нови случаи на урбанистички криминал, поврзани, како што наведе, со градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, за кого саркастично рече дека „има загарантиран влез во Гинисовата книга на рекорди“.