
Градоначалничката на Сиетл Џени Дуркан му порача на американскиот претседател Доналд Трамп да се „врати во својот бункер“, откако Трамп се закани дека ќе интервенира заради автономната зона поставена од демонстрантите во еден западен град на САД.
Дуркан се осврна на бункерот бидејќи Трамп неодамна беше засолнет во безбедно подрачје на Белата куќа додека демонстрантите против расизмот и полициската бруталност за смртта на Џорџ Флојд се приближуваа до резиденцијата на претседателот.
Трамп се закани дека ќе интервенира во населбата во Сиетл, наречена „Автономна зона на Капитол Хил“ (CHAZ), договорена од демонстрантите и градскиот полициски оддел.
„Веднаш да ја вратите контролата врз вашиот град. Ако не, јас ќе го сторам“, предупреди Трамп на Твитер до градоначалничката и гувернерот на Вашингтон Џеј Инсли, нарекувајќи ги демонстрантите „домашни терористи“.
„Ова не е игра. Овие непријатни анархисти мора да престанат СЕГА. Брзо преземете нешто“, продолжи тој во новиот твит.
„Човек кој е целосно неспособен да ја управува земјата не треба да се меша во работите во Вашингтон. Престанете да твитате“, напиша Инсли.
Градоначалничката му се придружи на Инсли во исмевањето на Трамп на Твитер.
„Заштитете нè. Вратете се во вашиот бункер“.