Градоначалниците Муцунски и Ѓорѓиевски го истурија ѓубрето пред Дрисла

од Nikola Popovski
317 прегледи

Ѓубрето од скопските општини Аеродром и Кисела Вода синоќа беше истоварено пред депонијата „Дрисла“, по наредба на градоначалниците Орце Ѓорѓиевски и Тимчо Муцунски.

Тие појаснија дека долго време се обидувале да дојдат до одговорните во „Дрисла“, за да може, како што велат, да го положат сметот во депонијата, за што уредно плаќаат.

Откако по повеќе од еден час не успеаја во намерата, укажаа дека имаат две опции – или да го вратат во Скопје на улиците или да го остават пред Дрисла.

Ја избраа втората, по што отпадот беше истурен пред оградата.

Вработените на депонијата добиле наредба да се пуштаат само на камиони од претпријатијата на Град Скопје.

Слични содржини