Градоначалник на Ново Село ќе се бира во втор круг

од desk4
110 прегледи

На денешните предвремени избори за градоначалник на Ново Село ниту еден од двајцата кандидати, Никола Андонов од СДСМ и Николчо Стоилков ВМРО ДПМНЕ, не го доби потребниот број гласови. Имено, според податоци од штабовите на двајцата кандидати има голем број неважечки ливчиња и најверојатно тие пресудиле да нема победник денеска.

Според едни информации во минимално водство е Стоилков, а според други Андонов.

Според информации, пак, од Општинската изборна комисија досега се преброени гласовите од помалку од половината избирачки места од вкупно 20 избирачки места.