Градоначалникот Костадинов маскиран како гроф на маскенбалот во Струмица (ФОТО)

од Берта Китинска
318 прегледи

Годинашниот Интернационален струмички карневал започна на 2 март, а ќе трае до 9, но во редуцирано издание и со строго почитување на здравствените протоколи за јавни настани во услови на пандемија од КОВИД-19.

-Богатство од креации, шаренило од бои, уникатни и свои, струмичани уште еднаш докажаа дека се вистински мајстори за забава под маски. Прекрасните маски кои му даваат посебна убавина на вечерашниот маскенбал во хотелот ,,Сириус”, а подготвувани со многу труд и љубов, најавуваат уште едно прекрасно издание на нашиот Струмички карневал.Од срце за мојата карневалска Струмица, напиша на Фејсбук градоначалникот Костадин Костадинов.

Во деновите на карневалското празнување ќе се одржат повеќе активности, меѓу кои: концерт под маски на музичкото училиште „Боро Џони”, маскенбал, детски карневал, доделување награди на најдобрите карневалски маски, афоризми, карикатури и литературни творби на тема карневал, а ќе биде промовирана и монографија по повод 30-годишниот јубилеј од oрганизираното одржување на карневалот.

Слични содржини